Продолжуваат исламистичките протести во Исламабад, најмалку шест убиени досега

Во судирите меѓу пакистанската полиција и исламистичката група кои избија вчера, досега се убиени најмалку шест лица, а над 125 се ранети, јави новинската агенција ДПА. Неколкуилјадната група приврзаници на исламистичката партија Техрик и Лабаик Ја Расул Алах се уште го контролираат нивниот протестен камп, кој пред неколку недели го формираа во близина на една од главните сообраќајни клучки на пакистанскиот главен град Исламабад.
Причина за протестот е изборниот законик што беше усвоен во пакистанскиот Парламент, во кој, според оваа организација, недолично бил именуван муслиманскиот пророк Мухамед. Законот беше изменет, но водачот на исламистичката партија Кадим Хусеин Ризви бара оставка од министерот за правда.
Протестите се проширија и во други делови на Пакистан, но најинтензивните пресметки се во предградијата на Исламабад. Техрик и Лабаик Ја Расул Алах е мала партија, формирана во чест на Мумтаз Кадри, телохранител на гувернерот на областа Пунџаб Салман Тасер. Во 2011 година Кадри го уби Тасер, затоа што гувернерот се зазема за спасување на животот на Асиа Биби, христијанска жена од Пакистан која беше осудена на смрт со бесење затоа што наводно го навредила пророкот Мухамед
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
