Продолжува заложничката криза во хотелот во Мали

Малиските безбедносни сили успеаја да ослободат неколкумина заложници од хотелот „Библос“ во градот Севаре, во централниот дел од Мали, кој вчера беше нападнат од група исламистички екстремисти, при што, според последните информации, загинаа осум лица.
- Неколку заложници се ослободени, но се уште не можеме да кажаме дека се е завршено, изјави рано исутринава претставник на армијата на Мали.
Тој информира дека од заложништво биле ослободени петмина странци, кои веднаш се префрлени во Бомако. Националноста на ослободените заложници не е соопштена.
Засега се уште не е познато колку заложници задржале екстремистите при заземањето на хотелот, во кој најчесто престојуваат странци и припадници на мировната мисија на ОН во Мали, но како што вчера изјави армискиот портпарол Дијаран Коне, се претпоставува дека во заложништво се наоѓаат меѓу шест и десет лица.
Според западни медиуми, меѓу заложниците се најмалку тројца Јужноафриканци и еден Русин, кој бил вработен во компанијата „Ју Тајр“.
Претходно, еден од заложниците, украински државјанин, успеа да им побегне на екстремистите.
Според досега потврдените информации, при нападот загинале петмина малиски војници, двајца од напаѓачите и еден странски државјанин, кој бил службеник на Миисјата на ОН. Националноста на убиениот странец засега не е соопштена.
Властите претоставуваат дека целта на екстремистите била да ги киднапираат странските државјани сместени во хотелот и потоа да бараат откуп за нивно ослободување.
Исламските екстремисти во Мали, кои се поврзани со Ал Каеда, последниве години се борат со владините сили во северните делови на земјата. По есклацијата на насилствата, во јануари 2013 година Франција воено интервенираше во земјата, со цел да го запре напредувањето на исламистите кон Бамако.
Во мај годинава Владата на Мали потпиша договор за примирје со најголемата бунтовничка организација Обединетото движење на Азавад, кон кој во јуни се приклучија уште неколку помали вооружени групи. Но, и покрај примирјето, безбедноста состојба во земјата и натаму е нестабилна.
Ново на Сител
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани проблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
