Продолжува владината поддршка за развој на Дојран
Во рамки на посетата на Дојран и Богданци премиерот Никола Груевски денеска имаше средба со градоначалникот на Дојран Борче Стамов на која биле разгледани проектите што се одвивале во минатиот период, што се реализираат и оние коишто претстојат.
- Во Дојран, оваа Влада по подолг период доста инвестираше откако ја направи големата трикилометарска патека која даде сериозен придонес за враќањето на туристите. Владата исто така се насочи кон правење на плажи и други капацитети како спортски игралишта, ресторани и друго, за да помогне во развојот на оваа општина која има исклучително ниски приходи бидејќи е мала општина со три илјади луѓе, рече Груевски.
Тема на разговорите со градоначалникот Стамов биле и сите други потреби што ги има општината, завршувањето на работата со пречистителната станица...
- Дојранското Езеро е едно од најчистите затоа што нивото на загаденост е исклучително ниско, има функционална и доста квалитетна пречистителна станица. Градоначалникот има големи планови и за населеното место Стар Дојран и за Нов Дојран и за другите населени места во неговата општина - Николиќ, Фурка итн. Помагаме секаде каде што можеме и ќе продолжиме да помагаме, рече премиерот Груевски.
Дојранскиот градоначалник Стамов во моментов разработува планови за изградба на пазар во Нов Дојран и други проекти.
- Еден од поголемите проекти за коишто ќе инвестираме милион и 400 илјади евра е проектот за целосна реконструкција на одредени делови и проширување и патната сигнализација на патот помеѓу Николиќ и Дојран што ќе започне да се гради во септември, најави Груевски.
За него веќе е завршена постапката за изведувач односно доставени се понудите. Градежните работи ќе траат шест месеци.
Стамов го информирал премиерот дека во завршна фаза се создавањето предуслови за индустриска зона во Дојран.
- Тука во оваа општина нема многу невработени, околу 150 , од кои активно бараат работа педесетина. Има простор да се привлечат и дополнителни капацитети коишто ќе бидат на некој начин и можност за оние кои се невработени од овде и од околните места надвор од оваа општина, рече премиерот.
Премиерот Груевски во рамките на посетата на Дојран и на Богданци денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на повеќенаменско спортско игралиште во дојранското село Николиќ.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
