Продолжува трендот на стабилни откупни цени во Струмичко

Продолжува трендот на стабилни откупни цени на градинарските производи во Струмичко. Пиперката „ајварка“ речиси еден месец се откупува од 18 за рефус и 25 денари за килограм прва класа, а стабилни се и откупните цени на другите култури.
Според откупувачите, трендот на стабилни откупни цени се должи на намаленото, но квалитетно производство, но и поради интересот за струмичките градинарски производи, посебно за „ајварката“.
-Засега најмногу се бара црвената пиперка за ајвар. Јас откупувам исклучиво прва класа по цена од 25 денари за килограм и ја пласирам на пазарите во ЕУ. Засега нема никакви проблеми и се надевам дека така ќе биде до крајот на сезоната за пиперката, рече Ацо Стоилков, откупувач од Струмица.
Додава дека во овој период се откупува и зелката по десет денари за килограм и дека за неа имало интерес.
Според информации од земјоделските производители, во Струмичко дневно се берат и се извезуваат околу 500 тони пиперки засадени на отворено и под пластеници.
-Покрај „ајварката“ добра откупна цена држат доматите, кои се откупуваат од 20 до 30 денари за килограм и краставиците, чија откупна цена е 20 денари, информира Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.
Пиперката „ајварка“ и останатите градинарски култури се извезуваат во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција и други земји, а покрај странците големи количини откупуваат и домашните фабрики.
Ново на Сител
-

СДСМ: ВМРО не руши одвнатре
-

Заврши процесот на евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток
-

Нови удари и елиминации во Иран
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител пред пратениците
-

СДСМ: Кандидатот за претседател на РКЕ, Ацо Ристов, е дел од бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест на СДС и ССМ е неуспешен, граѓаните не им веруваат
-

Пациентите од „Пулс“, чекор по чекор до целосно закрепнување
-

Формирано Собрание на млади во Прилеп, наскоро ќе се формира и Совет на млади
