Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со изведување на докази од страна на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
На изминатото рочиште беа изведени материјални докази од одбраната на Ѓорчевски, а беше сослушан и сведок на предлог на одбраната на Палевски.
Дел од доказите кои во текот на процесот ги изведе Обвинителството беа сведочења на семејствата на Вања и Панче. Сослушани беа и службени лица, инспектори, познаници и соработници на обвинетиот Љупчо Палевски. Потоа, Обвинителството изведе повеќе материјални докази кои вклучуваа видео-снимки од „Безбеден град“, електронска комуникација на обвинетиот Палевски, предмети собрани од местото на настаните и извештаи од техничка обработка на возилото Рено Кангу.
Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Ново на Сител
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
