Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, треба да се изведуваат материјални докази од Обвинителството

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството - видео снимки и слики поврзани со објектот - клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел.
Досега на судењето на пожарот во дискотеката „Пулс“ беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството, а беа изведени и обдукциските наоди и мислења од Институтот за судска медицина за причините на смртта на жртвите, како и медицинска документација и податоци за повредените, кои се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот, по што беше сослушани директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
