Продолжува соработката на ЈП Службен весник со Правната клиника при Правниот факултет „Јустинијан Први“

ЈП Службен весник на РМ со овозможување на бесплатен пристап до електронската база на прописите, веќе трета година, во континуитет, го поддржува функционирањето на Правната клиника при Правниот факултет од Скопје.
-Правната клиника има за цел да гради знаења и вештини на студентите за давање правни информации и совети на ранливи лица, а ЈП Службен весник на РМ со обезбедување на бесплатен пристап до електронската база на прописите, како алатка за брзо и лесно пребарување на севкупното законодавство на Република Македонија, сака да придонесе во зајакнувањето на капацитетите на институцијата за обезбедување практична настава и да даде поддршка во остварувањето на правата на граѓаните на кои таа им е потребна, информираат од ЈП Службен весник на РМ .
Како единствена, со закон овластена институција, ЈП Службен весник на РМ ги објавува прописите во Република Македонија и во овие денови на вонредна состојба, се вклучува во градење синергии преку зајакнување на електронската комуникација со граѓанските организации и институции за одбрана на правата на граѓаните.
Со овој вид на соработка, ЈП Службен весник на РМ, продолжува да им помага и на студентите и на наставниот кадар при Правниот факултет од Скопје, во подготвувањето на потребните правни совети.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
