Продолжува седницата на која се и измените на Изборниот законик за ДИК
Собранието денеска ќе ја продолжи 53. седница на која на дневен ред се повеќе закони, но и Предлог на декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО и измените на Изборниот законик, по скратена постапка.
На дневен ред на оваа седница, која вчера беше прекината поради лидерската средба во Клубот на пратениците, се и предлогот за разрешување на претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, завршната сметка на Буџетот за 2017, дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во второ читање и други.
На предлог на владејачкото мнозинство на седницата на дневен ред се и измените на Законот за заштита на потрошувачите, во второ читање, но и дополнет предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, во второ читање, извештаи и други закони.
Ново на Сител
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик