Продолжува растот на цените на храната во ЕУ
По значителните поскапувања во текот 2022 година, цените на прехранбените продукти во ЕУ продолжија да растат и оваа година, при што нивниот раст забави во текот на вториот и третиот квартал, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во септември 2023 година, цените на маслиновото масло, јајцата, путерот и компирот во ЕУ и натаму биле повисоки споредно со јануари 2021, но нивниот раст е со побавно темпо за разлика од претходните неколку месеци.
Така, во септември годинава просечната цена на маслиновото масло била за 75 отсто повисока споредено со јануари 2021 година, додека компирот во истиот период поскапел за 53 проценти.
Јајцата, пак, иако нивните цени забележаа одредено намалување во август и септември годинава, сепак се за 37 отсто поскапи во однос на јануари 2021 година.
Цените на путерот пак во септември биле за 27 проценти повисоки отколку во јануари 2021 година, иако од ланскиот декември има тенденција на нивно постепено намалување.
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
