Продолжува расправата за основаноста на предлогот за импичмент на Иванов

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да продолжи со работа Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради неговата одлука за аболиција.
Ова е трето продолжение на Комисијата, која од изгласувањето од Парламентот за седум дена треба да изготви извештај за тоа дали предлогот на опозицијата за импичмент на претседателот на државата е основан или не е. Рокот за изготвување извештај истекува денеска. Кога извештајот ќе стаса до претседателот на Собранието, тој треба да закаже седница на која ќе се расправа за предлогот.
Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов го поднесоа пратениците од СДСМ и коалициските партнери, а тој е поддржан и од пратениците од ДУИ, врз основа на нивните ставови изнесени на Комисијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека се против одлуката на Иванов за аболиција, но сметаат дека таа не е ниту незаконска ниту противуставна.
Ново на Сител
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
-

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации
