Продолжува проектот за општокорисна работа во Кавадарци
Во Кавадарци продолжува проектот за општокорисна работа, општината со јавен повик ги повика да се пријават сите стари и изнемоштени, инвалидизирани лица кои имаат потреба од поддршка. Истовремено го повика и невработените, да се пријават доколку се заинтересирани да се вклучат во овој проект.
- Сето тоа врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија, Програмата за развој на ОН и општина Кавадарци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, усвоен од Владата, Програма за општокорисна работа финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување, соопшти Службата за информирање при локалната самоуправа во Кавадарци.
Програмата за општокорисна работа започна во 2012 година. Овојпат наместо шест, како досега, ќе бидат ангажирани 12 лица кои ќе пружаат помош како негуватели. Во период од шест месеци, со скратено работно време и надоместок од 6.200 денари месечно. Со платен персонален данок на доход и осигурување при случај на несреќа при работа.
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија