Продолжува поставувањето „лежечки полицајци“ на фреквентните улици во Куманово
Општина Куманово продолжува со втората фаза од поставувањето на средствата за смирување на сообраќајот „лежечки полицајци“ на повеќе локации во градот, на улиците „Тоде Думба“ и „Бајрам Шабани“. Општината ќе постави вакви средства на локациите кои ќе бидат предложени од граѓаните, но предност ќе имаат улиците каде се наоѓаат училишта и градинки.
Поставувањето на асфалтните смирувачи на сообраќајот и подигнати пешачки премини, информираа денеска од општината, се спроведува преку иницијативата на Заедницата на единиците на локалните самоуправи за користење на основни сообраќајни проекти со позитивна ревизија за поставување на подигнатите пешачки премини.
Општина Куманово досега искористила осум проекти со ревизија, а предвидени се вкупно дванеаесет локации. Општината на располгање има 21 средство.
СВР Куманово, како институција која е задолжена за издавање на согласност, досега позитивно се произнела за искористените средства.
Според најавите од општината, во наредните 30 до 60 дена ќе бидат поставени останатите средствата за смирување на сообраќајот кои ќе бидат обележани вертикално и хоризонтално.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати