Продолжува подводното истражување на пештерата Врело

Македонските нуркачи од клубот „Акватек“ и спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ ја продолжија својата истражувачка експедиција во пештерата Врело на Матка. Истражуваа нови премини и нови делови на подводната пештера во должина до 200 метри, како и кај пределот околу салата наречена Пеони, која се наоѓа на 150 метри под влезот на пештерата. Целта на оваа домашна експедиција е истражување и скицирање на подводно-подземните канали на Врело.
- Македонските нуркачи во изминатиот период инвестираа во своето знаење и обука за техники во пештерското нуркање и се здобија со сертификати од светската организација „TDI-SDI“. Горди сме што можеме да се пофалиме со овие сертификати и предзнаењето за овој вид нуркање. На следната поголема експедиција ќе може да нуркаме рамо до рамо со странските експерти кои ја истражуваа Врело. Пештерата досега е истражувана неколку пати, но само од странски нуркачи сертифицирани за пештерско нуркање, вели Киро Анѓелески, претседател на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“.
Овие експедиции се само подготовка за проектите кои домашните нуркачи треба да ги реализираат до крајот на годината.
- Целта е да се стигне до што подлабока точка и да се истражи што поголем дел од пештерата. Досега сме нуркале во различни делови на подводната пештера каде што сме земале примероци од водата на различни длабочини за да се испита постоењето на ендемски видови. Но, покрај истражувачка работа овие нуркања ги користиме и како тренинг за да можеме кон крајот на годината да направиме уште една, овој пат, интернационална експедиција и во целост да можеме да ја истражиме Врело, додава Даниел Атанасовски, претседател на „Акватек“.
Според него, од круцијално значење е надлежните министерства и домашните компании финансиски да ги подржуваат ваквите експедиции за да бидат успешни и да донесат што повеќе резултати.
- Освен прибирање податоци од пештерите, придобивката е голема и за развојот на овој вид на туризам и промовирањето на македонските пештерски убавини кои се многу атрактивни за светски признаените спелеолози, истакнуваа Атанасовски.
Покрај истражување на Врело, нуркачите се подготвуваат и за поголема експедиција која ќе се случи кон крајот на летото во пештерата Ѓоновица, Гостивар. Оваа пештера е помалку позната на јавноста и досега не била истражувана од нуркачи, па затоа клубовите „Акватек“ и „Врело“ ќе пробаат со неколку експедиции да ги откријат нејзините подземни пространства и можноста за постоење животински свет.
Ново на Сител
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
