Кошарка
29. August 2020 - 14:04
Продолжува НБА плеј-офот
По дводневен прекин или подобро кажано бојкот од страна на играчите, вечерва продолжуваат натпреварите во најсилната светска кошаркарска лига, НБА.
Плеј-офот продолжува онаму каде и што застана со дуелот број пет од Источната конференција меѓу Милвоки и Орландо во кој „Бакси“ влегуваат со предност од 3-1 во серијата подобар до четири победи.
Овој натпревар започнува во терминот од 21:30 часот, додека 30 минути по полноќ ќе играат Хјустон и Оклахома дуел во кој резултатот е израмнет на 2-2 во победи.
Последниот меч е во 3 часот наутро а во него тимот на ЛА Лејкерс со евентуална победа над Портланд ќе обезбеди место во следната рунда, бидејќи „Езерџиите“ имаат предност од 3-1 во победи.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->