Македонија
6. February 2020 - 16:39

Продолжува истрагата во Еко клуб за мешањето на медицински со комунален отпад

Еко клуб работеле согласно дозволите и законските прописи тврдат од инспекторатот за животна средина. Главниот инспектор Хусни Тачи за Сител вели дека при вонредниот надзор на 4 февруари не утврдиле ништо спорно во работењето на фирмата. Иако побаравме,  од него не добивме официјална изјава за деталите при инспекцискиот надзор и колку пати извршиле контрола во оваа фирма. 

По снимките кои ги објави градоначалникот Шилегов за тоа како бил третиран медицинскиот отпад, обвинителството води истрага. Побарани се  снимките од мобилниот телефон на градскиот инспектор а другите докази ги обезбедила полицијата, меѓу кои е и извештајот од државниот  инспекциски надзор. Тие направиле увид ден по надзорот на инспекторот од град скопје и утврдиле дека фирмата работи согласно законите.

 „Кривичната пријава ја поднесе главниот инспектор во Град Скопје на 13.12.2019 година, три дена откако го забележал настанот. При поднесувањето на пријавата, подносителот не достави материјални докази, а за настанот не е приложена ниту службена белешка, ниту записник за констатирани неправилности од страна на подносителот-инспектор.“

 Шилегов тврди дека снимката била презентрирана во обвинителството а зошто не ја одземале било  нивна одговорност.

Градоначалникот тврди во прашање се големи пари поради кои се манипулирало со медицинскиот отпад и обвини дека ова не е прв случај надлежните да не ја завршат својата работа.

Управителот на Еко клуб Сашо Јанакиевски во телефонски разговор за Сител тврди дека од 1990 до сега работат строго по законите и дозволите кои ги поседуваат. Обвини дека се работи за монтирана хајка против фирмата.

  Се работи за режија на еден веќе познат добар режисер но надлежните институции се тука да соопштат како ние работиме. До сега никакви неправилности не биле утврдени од релевантните институции кои вршеле надзор. Ние доставивме снимка доказ во обвинителството на кој начин, насилно преку кршење влегол ноќта инспекторот од Градот Скопје.

Во меѓуврее во Дрисла се уште пристигнува медицински отпад и од Еко клуб но и од другите четири компании кои поседувааат вакви лиценци. Она што е забрането од градот е фирмата Еко клуб да врши депонирање на не обработен медицински отпад каков што бил случајот со видеото.