-->
-->
Продолжува доминацијата на Хиршер во СК
-->

Марсел Хиршер ја прекина победничката низа во велеслалом на Алексис Пинтаро, тој славеше во Крањска Гора, со што петта година по ред си го обезбеди големиот Кристален глобус, како вкупен победник во Светскиот куп, а исто така ја обезбеди и вкупната победа во велеслалом.
Во тешки услови, Хиршер по двете возења во Крањска Гора, имаше вкупно време 2:12.58 минути. Питаро, на второто место, задоцни 53 стотинки, додека третото место му припадна на Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, кој зад Хиршер задоцни секунда и 59 стотинки.
Марсел Хиршер со 38-та победа во кариерата стигна до 721 бод во велесламом оваа сезона, тој има предност од 111 бодови во однос на Пинтаро, кој победни на последните четири трки во оваа дисциплина.
Во вкупниот поредок во Светскиот куп, Хиршер води со 1.525 бода, 333 повеќе од Кристоферсен, кој не настапува во брзите дисциплини, што значи дека Австриецот петта година по ред ќе го освои големиот Кристален глобус.
В недела, во Крањска Гора ќе се вози претпоследната слаломска трка оваа сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
