Продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
Во Брисел денеска продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина на техничко ниво, на кој, како што најави портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ, ќе стане збор за примена на договорот за Заедницата на српските општини, енергетиката и мостот во Косовска Митровица.
Главните преговарачи, Марко Ѓуриќ и Авни Афети, првиот ден разговараа за имплементација во областа на договорот за слобода на движење, правосудството и заедничкото управување со премините.
- Двете страни ја потврдија својата подготвеност за неколку недели да ги продолжат разговорите за различни теми, истакна Коцијанчиќ во пишана изјава после првиот ден.
Таа оцени дека првиот ден од продолжетокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина на техничко ниво, поминал во срдечна и конструктивна атмосфера.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија