Продолжи комисиската расправа за извештајот на СЈО (ДПЛ)

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ја продолжи расправата за Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот од 15 март до 15 септември годинава.
Обвинителката Катица Јанева и на денешното продолжение на седницата одговара на прашањата и репликите на пратениците.
На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година, што ги предводи Марко Зврлевски, кој исто така и денеска е присутен на седницата.
Во текот на денов се очекува да биде одржан состанок на координаторите на пратеничките групи за да се усогласи начелен став за бројот и редоследот на дискусии по точките на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Ова, како што соопшти на денешната седница координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, било договорено на денешната координативна средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, потпретседателите и претставниците на пратеничките групи што редовно се одржува секој понеделник.
Денешната седница на Комисијата започна со забелешки на координаторот на ДУИ Талат Џафери и други пратеници од оваа пратеничка група за петочниот говор на претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев. Како што оценија, тој во петокот во продолжението на седницата одржал „политички говор со националистичка реторика со кој покажал голема омраза кон Албанците“.
Исто така, забелешки за претседавањето со Комисијата до Ѓорчев изнесоа и пратениците од СДСМ. Петре Шилегов го обвини Ѓорчев дека тој е директно виновен за тоа што се случува овие три дена на седницата на Комисијата.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ рече дека Ѓорчев го злоупотребува деловничкото право како претседател на Комисијата за изнесување свои коментари. Рече дека со ваквиот начин на водење на седницата се сака да се постигне точката на дневен ред за Извештајот на Јавното обвинителство на Република Македонија чиј прв човек е Марко Зврлевски никогаш да не дојде на дневен ред.
Ѓорчев, пак, од своја страна рече дека секој којшто побарал процедурална забелешка, го добил тоа право, но оти многумина тоа го злоупотребиле со политички говори.
По еден час процедурални забелешки и расправии меѓу пратениците на Комисијата продолжи поставувањето прашања за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Ново на Сител
-

Рубио: Нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за заштита на САД
-

Приведен 46-годишен турски државјанин, во патничко возило превезувал пет лица мигранти
-

Нетанјаху: Војната против Иран нема да трае со години, но ќе потрае „извесно време“
-

Трамп: САД имаат неограничени резерви на оружје, подготвени сме за голема победа
-

Трамп вети одговор на нападот врз американската амбасада во Ријад
-

Поранешен шеф на ЦИА, Џон Бренан: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка
-

САД ги повлекоа своите службеници од Бахреин, Ирак, Јордан, Катар и Кувајт, затворена амбасадата во Кувајт
-

Сончево и топло до 20 степени
