Продолжениот празничен карантин го прекршиле 289 лица, 187 се приведени
Вкупно 289 лица за време на продолжениот празничен викенд не го почитувале полицискиот час, од нив 187 се приведени, а 355 граѓани се санкционирани за неносење лична заштита на лице.
Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава, информираа денеска од МВР, 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 18 прекршоци.
За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Полицијата евидентирала дека во текот на 24/25 мај, 104 лица не го почитувале полицискиот час, а 76 од нив се приведени. Лична заштита на лице не носеле 82 лица.
На 23 и 24 мај, полицискиот час го прекршиле 59 лица, 32-ца се приведени, додека 255 лица не носеле маски на лицето.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави