Продолженијата на неколку собраниски седници од денеска презакажани за утре

Продолженијата на единаесеттата, дванаесеттата, тринаесеттата, петнаесеттата и дваесет и втората седница на Собранието на Република Македонија, кои беа најавени по завршувањето на денешната седница со годишното обраќање на Ѓорге Иванов, се одложени за утре во 11 часот.
Преостанати точки од дневниот ред на 11-тата седница се предлог законите за изменување и дополнување на законите за културата, за регистрирање готовински плаќања, за заштита од пушењето, за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, а Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија е единствена точка на 12-тата седница.
На продолжението на 13-тата седница се Предлог законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка, како и интерпелациите за работата на министерите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, и за труд и социјална политика, Мила Царовска, поднесени од пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамки на продолжението на 15-тата седница, пак, пратениците треба да расправаат за Предлог законот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, во прво читање, како и Предлог законот за издавање вредносни бонови – ваучери, исто така во прво читање, на предлог на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Предлог законите за изменување и дополнување на законите за Судскиот совет на РМ и за заштита на сведоци, по скратена постапка, како и Предлог законот за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување одговорност за судија, исто така по скратена постапка се единствените преостанати точки на дневниот ред на 22-та седница на Собранието.
Ново на Сител
-

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.430
-

Одбележување на 80-годишнина од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78-годишнина од прогонство на деца Македонци од Егејскиот дел
-

Топло време со температури до 38 Целзиусови степени
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
