Продолжение на 71. седница на Собранието
Собранието напладне треба да одржи продолжение на 71. седница, чиј дневен ред беше изгласан синоќа по дводневна расправа и активна блокада од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, при што пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја оспорија процедурата и реагираа дека е изгласан без претходно да биде прочитан и поделен.
На дневниот ред на 71. седница се годишните извештаи за 2021 година на Народниот правобранител, Судскиот совет, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната комисија за жалби по јавни набавки, интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска поднесена од од ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од дневниот ред се и предлог законите за изменување на Законот за работните односи, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Информацијата за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија – 2021 година, како и други предлозг закони и одлуки…
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
