Продолжен рокот за конкурсот за најголем придонес за животната средина
Град Скопје го продолжи рокот до 1 јуни за пријавување на Јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и на институција/стопански објект и за најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта.
Одложувањето, како што инфомрираат, е поради неповолните временски услови во текот на овој период.
Според условите на конкурсот, Градот Скопје ќе избира најеколошка компанија со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина, правни и физички лица кои со својата активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје, за заштита на медиумите и областа на животната средина, за намалување на користењето необновливи видови енергија и слично, најубаво уреден двор за индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект, најубав состав на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта и најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта.
Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица се доставуваат по пошта, на адресата: Град Скопје - Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар Илинден, број 82, или во архивата на Градот.
За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (за двор во индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари. За четвртата категорија се предвидени две награди: една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.
Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите го врши соодветна комисија, која Градот Скопје ја формира од претставници на администрацијата и невладините организации.
Конкурсот за најголем придонес во заштитата на животната средина Градот Скопје традиционално го распишува во рамките на манифестацијата „Денови на пролетта - Денови на екологијата“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата