-->
-->
Продадени преку десет илјади билети за натпреварот Вардар – Апоел
-->

box More
MIA SPORT
Inbox
x
MIA
9:05 AM (1 hour ago)
to
Продадени преку десет илјади билети за натпреварот Вардар – Апоел
Скопје, 17 јули 2015 (МИА) - Според информациите од канцелирајата на македонски фудбалски првак Вардар, до денеска се продадени половина од пуштените во продажба 20 илјади влезници.
- Вардар е на чекор до пласман во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Потребна е победа во вторник, а за тое е потребна и поддршката од трибините. Навивачите се нашиот 12-ти играч, а ние посакуваме полн стадион и добра атмосфера. Како одминува времето, интересот и возбудата е се поголема, информираат од ФК Вардар со напомена дека веќе се продадени десетина илајди билети.
Ако на тоа се додадат и најверните навивачи „Комитите“ за кои е резервирана Западната трибина за која не се продаваат билети, се очекува Арената „Филип Втори“ по подолго време да биде исполнета.
- Имаме историска шанса да се пласираме во следната фаза во Лигата на шампионите. Вардар има големи амбиции и цели, а поддршката веруваме дека нема да изостане. Полни трибини обоени во „црвено-црно“ е нашата желба. Исполнете ја, а ние ветуваме дека со добра игра ќе се обидеме да го продолжиме европскиот пат, апелира раководството на најтрофејниот македонски клуб.
Реваншот од 2.коло во квалификациите за ЛШ меѓу Вардар и АПОЕЛ е закажан за 21 јули со почеток од 20 часот на „Филип Втори“ во Скопје.
Првиот меч во Никозија одигран во вторникот заврши 0:0, па на Вардар му е доволна и минимална победа за пласман во следната фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Битолчанец не се отрезнил два дена, го фатиле со 3,23 промили па за 30 часа со 3,50 промили алкохол во крвта
-

Муцунски ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето и заради сопствената безбедност
-

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
