Проблемите на Тони Абот со алкохолот
Поранешниот премиер на Австралија, Тони Абот, во една прилика во 2009 година, со свои колеги испил неколку шишиња вино во Парламентот, додека пратениците заседавале, и потоа не можел да оди на седницата.
Во филм на телевизијата Еј-Би-Си, во кој се говори за пикантериите зад кулисите на Парламентот, Абот раскажува како таа вечер заспал во својот кабинет и како изутрината неговите колеги од Либералната партија се мачеле да го разбудат, за да присуствува на важна седница, но не успеале.
Подоцна истата таа 2009 година, Абот го замени сегашниот премиер Малком Трнбол како тогашен лидер на опозицијата. На премиерската функција се врати во 2013., но повторно беше заменет од Трнбол во 2015.
- Не можам да се сетам на некој друг што пропуштил гласање, затоа што бил премногу пијан, за да стигне до салата. Но, Тони си призна и тоа е добро... Јасно е дека тоа не е за восхит и не е примерно, прокоментира сегашниот шеф на австралиската Влада за локално радио.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот