Проблеми во францускиот тим - Вироза ги погоди играчите на Дешан
Франција ќе го отвори Европското првенство во Германија со натпреварот против Австрија во понеделник. По средбата во Дизелдорф, Французите ќе играат против Холандија во Лајпциг и Полска во Дортмунд. На само неколку дена пред првиот натпревар Французите се соочуваат со големи проблеми.
Голем број на репрезентативци на Франција се болни, објавија француските медиуми. Селекторот Дидие Дешамп е меѓу болните, а во најлоша состојба е напаѓачот на Баерн, Кингсли Коман.
Повеќето имаат проблеми со инфекција на горните дишни патишта, а неколкумина се бореле со грчеви и главоболки.
Коман го пропушти заедничкиот тренинг во четвртокот. На почетокот на тренингот го немаше ниту капитенот Килијан Мбапе, но новиот играч на Реал Мадрид подоцна се појави на теренот, но не тренираше.
Ново на Сител
-
Голема акција на МВР: Претреси во фирми кои се сомничат за даночно затајување
-
Тема на денот со Анџела Агелер, амбасадорка на САД
-
Голема акција на МВР: Претреси во фирми кои се сомничат за даночно затајување
-
Средба Сиљановска - Радев во Софија
-
Законот за бранители и црквата во Врапчиште ги судрија власта и опозицијата
-
Дамева: Ова e потврда на легитимитетот на Советот
-
Лукаревска не закажува седница за Законот за задолжување од Унгарија – Власта сака да ја заобиколи
-
Општините поднеле над 200 проекти на владиниот јавен повик