Пробиштип ќе добие споменик со ликот на Свети Гаврило Лесновски

Пробиштип се подготвува за одбележување на Денот на рударите. По повод 28 ми август, православниот празник Голема Богородица, заштитничката на рударите ќе се одржи свечена седница на Советот. Портпаролот на Општина Пробиштип, Валентина Ангеловска вели дека градот, токму на Голема Богородица ќе добие и споменик со ликот на Свети Гаврил Лесновски, која ќе биде поставена на Градскиот плоштад, а кој го носи и неговото име.
- Поставувањето на постаментот се реализира од буџетот, додека споменикот на Свети Гаврило Лесновски е донација од бизнисменот Чедо Петров и неговото семејство, вели Ангеловска.
И во остнатите рударски општини во источна Македонија течат подготовките за Денот на рударите. Во Општина Македонска Каменица рударите на 28 август на Градскиот плоштад ќе ги развесели Лепа Брена, а во Берово на 27 ми август пред Голема Богородица концерт ќе има мега ѕвездата Здравко Чолиќ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
