Пробиен патот до Шипковица, се расчистува низ Тетово

Како последица од обилните врнежи во Тетовскиот регион по повлекувањаето на водата останаа наноси од кал и делови откорнати дрва на локалните патни правци, соопшти денеска ДЗС.
Во овој момент се работи на расчистување на сообраќајниците за да се обезбеди непречено движење. Патниот правец кон село Шипковица е пробиен сега се работи на негово проширување. Механизација ангажирана од дирекцијата за заштита и спасување работи на расчистување на локалниот патен правец помеѓу с. Селце и с. Вејце. Тетово - Јажинце, се работи на пробивање на магистралниот пат меѓу Порој, Џепчиште и Доброште, а се чисти и коритото на Поројска река. Во Тетово, долниот крај на Диво Насеље, се расчистуваат подвозниците, ангажирана е една машина од ДЗС и механизација од ЈП Водовод и Канализација Скопје.
Преку Дирекцијата за заштита и спасување вкупно се ангажирани 15 багери и 29 камиони, а ќе бидат испорачани и 1000 вреќи за песок кои се побарани од нас.
Ново на Сител
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
