Признание „Свечена грамота“ за директорката на Кинотека

Признание „Свечена грамота“ ќе и биде врачено на Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија, за придонес во популаризацијата на бугарската култура и исклучителен придонес во продлабочувањето на културната соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
Наградата, која ја доделува министерот за култура на Република Бугарија, ќе и ја врачат бугарскиот амбасадор Иван Петков и Димитар Христов, директор на Културно-информативниот центар на Бугарија во Македонија.
- Плакетата се доделува по повод 24 Мај - Денот на словенската писменост, кој во Бугарија се одбележува и како ден на бугарската просвета и култура. Ова признание е значајно и зашто се доделува во годината кога Бугарија ја слави 100-годишнината од својата кинематографија, соопшти Кинотеката на Македонија.
Гости на настанот ќе бидат Антонија Ковачева, директор на Кинотеката на Бугарија, и Петар Карџилов, историчар и истражувач на филмот.
Во Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот ќе има специјална проекција на филмот „Иконостасот“ од 1969 година, во режија на Христо Христов и Тодор Динов.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
