Признание „Создавачи за столетието“ за македoнското Здружение на бизнис жени

Здружението на бизнис жени на Македонија е добитник на признанието „Создавачи за столетието“ за 2015 година, која се доделува за придонес кон промоција и развој на претприемништвото во средна и југоисточна Европа.
Признанието е доделено на Регионалниот самит на претприемачи на средна и југоисточна Европа „300 најдобри“ и на промоција на проектот „Создавачи на столетија“, што се одржаа во Дубровник.
- Со многу волонтерски труд и љубов кон работата успеавме да станеме препознатливи во земјата и регионот, да се наметнеме кај нашите партнери. Ги изготивме статистиките, лобиравме, поттикнавме значајни промени во легислативите, изјави Валентина Дисоска, претседател на македонското здружение.
Дисоска истакнува дека Здружението на бизнис жени направило платформа за јакнење на женското претприемништво, воспоставило регионално здружување и оти оствариле многу билатерални средби, саеми, обуки, трибини, презентации..
- Најважно е што во соработка со Министерството за економија, стигнавме до предизвикот – изготвување на националната стратегијата за женско претприемништво, изјави Дисоска.
Ново на Сител
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
