Приврзаници на бразилскиот претседател Болсонаро се обидоа да упаднат во зградата на сојузната полиција
Поддржувачи на екстремно десничарскиот бразилски претседател Жаир Болсонаро денеска се обидоа да упаднат во седиштето на федералната полиција во главниот град на земјата на денот кога официјално беше потврдена изборната победа на левичарскиот лидер Луис Инасио Лула да Силва.
Според западни медиуми, приврзаници на Болсонаро се судрија со полицајците пред седиштето на федералната полиција. Полицијата употреби шок-бомби и солзавец за да ја растера толпата. Поддржувачите на Болсонаро запалија автобуси и автомобили во областа.
Според судијата што го нареди апсењето, избувнувањето на насилството доаѓа откако приврзаник на Болсонаро беше приведен поради наводно организирање „антидемократски дејствија“ придружени со насилство.
Федералниот изборен суд синоќа официјално го прогласи Лула да Силва за победник на претседателските избори. По неколку месеци неосновани тврдења дека бразилскиот изборен систем е подложен на измами, Болсонаро ниту го призна поразот, ниту формално го блокираше предавањето на власта на Лула да Силва.
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
