Привршува уредувањето на велешкото езеро „Младост“
Викендов градежни екипи ангажирани од општина Велес интензивно работат на завршување на градежните работи за уредување на крајбрежјето на велешкото езеро „Младост“.
Се проширува и асфалтира патот на клучката кај двата мотели, се закрпуваат дупките, се средува пешачката патека околу езерото и нејзината околина, а се уредуваат и локации со камена подлога и се поставуваат дрвени настрешници со клупи и маси за посетителите.
Од општината информираат дека се уредува и крапската патека за спортски риболов, а работите интензивно се одвиваат пред почетокот на годинешната летна сезона.
Како што појаснува градоначалникот Славчо Чадиев целта е крајбрежјето на езерото „Младост“ да стане уште попознат рекреативен центар за граѓаните на Велес, Скопје и други градови, но и за привлекување на што повеќе странски туристи.
За уредувањето се обезбедени средства во висина од 6 милиони денари од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, а работите започнаа на 11 февруари годинава, информираат од општина Велес.
Во рамки на проектот кој се реализира во изминатите два и пол месеци се поставени 88 клупи, 29 маси, 31 корпа за отпадоци и 41 настрешница, а се поплочени 1.700 метри квадратни површина.
Како што информираат од општината работите се интензивираат за да биде навреме завршено за првомајските празници и популарниот првомајски излет на велешани кај езерото „Младост“.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори