Привршува реконструкцијата на улицата „Мите Богоевски“ во Ресен

Реконструкцијата на улицата „Мите Богоевски“ влегува во завршна фаза, информира денеска градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски по извршениот увид на градежните активности.
Според него, привршува поплочувањето на улицата, лоцирана во централното градско подрачје, а денеска е поставено и канделабриско осветлување.
- Над 1.500 метри квадратни поплочен простор, канделабриско уредување, поставување клупи, стилизирани канти за отпадоци и хортикултурни украси, мала фонтана и изградба на паркинг на почетокот на улицата ќе овозможат едно пријатно урбано катче кое ќе биде наменето на пешаците во централното градско подрачје во Ресен, изјави Стрезовски.
Градоначалникот очекува пред почетокот на летото, односно до крајот на јуни Ресен да добие модерно уредена пешачка зона.
- До крајот на јуни оваа содржина треба да биде ставена во функција и оваа пристапна улица на градскиот ресенски плоштад „Цар Самоил“ да добие нов лик, истакна Стрезовски.
Проектот се реализира со средства од општнскиот буџет во висина од околу четири и пол милиони денари.
Ново на Сител
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
