-->
-->
Привршува изградбата на мост и тротоари на „Железничка“ во Куманово
-->

Привршува изградбата на мост и тротоари на улицата „Железничка“ во Куманово, информираа денеска надлежните од општина Куманово.
Изградбата на бетонскиот пропуст се спроведуваше во рамки на реконструкцијата на регионалниот пат што ја реализира Јавното претпријатие за државни патишта, а општината со свои буџетски средства го реконструира преминот.
Мостот не беше реконструиран со децении, а немањето на тротоарите го отежнуваше движењето на пешаците на оваа фрекфентен пат со кој се поврзуваат населбите „Железничка“ и „Черкези“ со Куманово.
Општина Куманово претходно во соработка со СВР Куманово изврши временска измена на сообраќајниот режим во тој дел од градот и воведе забрана за движење на возила и пешаци. За реконструкцијата на мостот Куманово одвои 4,1 милиони денари.
Реконструкцијата на регионалниот пат Куманово – Никуштак почнува од влезот на Куманово, поминува низ населбата „Железничка Станица“, селата Черкези, Умин Дол, Љубодраг, Ново Село се до липковското село Никуштак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
