Привремено деблокиран судот во Нови Сад
Студенти и граѓанит кои го блокираа влезот во зградата на Вишиот суд во Нови Сад во претходните пет дена, привремено ја отстранија утрово блокадата за да може судот да донесе одлука по жалбата за продолжување на притворот на активисти и студенти кои се лишени од слобода повеќе од два месеци поради наводен обид за уривање на уставниот поредок.
Утрово отстранета е металната ограда поставена пред главниот влез по што во Судот влегоа вработени и пред зградата во моментов се наоѓаат студенти и мал број граѓани.
Судот вчера соопшти дека поради блокадата, не се во можност да постапуваат за случајот, како и со жалбите против одлуките во текот на таа постапка, и дека работата на сите судски органи во зградата е „целосно оневозможена“.
Петмина притворени активисти се во затвор во Нови Сад, додека професорката Марија Васиќ е префрлена во затворската болница на Централниот затвор во Белград кон крајот на минатата недела, поради лоша здравствена состојба поради нејзин штрајк со глад.
Во врска со случајот на Марија Васиќ и апсењето на активистите, Европската комисија објави дека е „длабоко загрижена“ за влошувањето на здравјето на професорката која е во притвор и штрајкува со глад.
Активистите од Нови Сад, Младен Цвијетиќ, Срѓан Ѓуриќ, Лазар Диниќ, Ладо Јововиќ, Давор Стефановиќ и Марија Васиќ беа уапсени на 14 март, ден пред масовниот протест во Белград, под обвинение дека подготвувале акт против уставниот поредок и безбедноста на Србија.
Провладините телевизиски станици со национална покриеност емитуваа аудио снимка од прислушуван разговор од состанок на активистите, во кој се зборува за планови за наметнување на идејата за преодна влада на протестот во Белград и за упад во зградата на Радио и телевизија на Србија.
Адвокатите на одбраната на обвинетите постојано тврдат дека БИА нелегално го прислушкувала разговорот, наведувајќи дека аудио-снимката не може да биде правно валиден доказ во процесот.
На 15 мај, адвокатите на уапсените поднесоа жалба против одлуката на судот за продолжување на притворот за 30 дена. Студентите во блокадата, граѓанските собири, невладини организации и Европскиот парламент претходно побараа ослободување на активистите.
Ново на Сител
-
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
-
Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија
-
ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција
-
Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција
-
Приведен возач од Пробиштип, возел под дејство на алкохол
-
Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава
-
Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање
-
Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина