Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
Со години работат за државата, но без сигурност што ја носи редовното вработување. Договорите им се продолжуваат, работните обврски остануваат, а нивниот статус е неизвесен.
Ја работат работата како и нивните колеги , но нивниот работен статус не е решен. Договорците во јавниот сектор се соочуваат со низа проблеми кои би можеле да бидат трајно регулиран само преку јасна законска рамка. Тоа би можело да ја реши долгогодишната несигурност на работниците, но и да се спречи привремените договори да станат трајна замена за редовното вработување.
Потребите на ваквите вработени го става под знак прашалник и прашањето за правната и социјалната сигурност, но и пензиското осигурување како и редовно вработенит елица. Не само социјалната сигурност, времено вработените или ангажирани работници во институциите се соочуваат и со ограничено финансиско планирање, тешко можат да обезбедат кредит или да купат сопствен стан.
Со постабилен кадар ќе се намали и потребата од постојано ангажирање нови лица, ќе се задржи стекнатото искуство и ќе се овозможи поголем континуитет во работата. Временото ангажирање на работници , прави голем проблем особено за бремените жени. Бројните се примерите кога жените се соочувале со прекин на работниот ангажман поради бременост и раѓање. Затоа неопходно е регулирање и гаранција на работничките права преку трансформирање на нивниот статус.
Бројот на времено вработени во институциите постојано варира, во зависност од времетраењето на договорите, кои или се прекинуваат или повторно се продолжуваат. Државата сè уште нема единствена јавна евиденција.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
