Привремената грчка Влада денеска ќе положи заклетва
Новата привремена Влада на Грција, што ќе ја води земјата до парламентарните избори, денеска ќе положи заклетва.
Времената премиерка на Грција, Василики Тану која вчера положи заклетва, синоќа и официјално ја презеде функцијата од Алексис Ципрас.
- Со задоволство Ви посакувам добредојде, бидејќи ја поздравувам првата жена премиер во историјата на грчката демократија. Сигурен сум дека и вие и Владата која утре ќе ја именувате ќе работите најдобро што можете. Сакав да Ви посакам се најдобро. Ќе сторам се што е можно да се одржат избори во цивилизирана средина, рече Ципрас на средбата со Тану.
Грчката премиерка, пак, рече дека иако главната улога на привремена Влада е да спроведе избори, можеби ќе треба да се преземе и дејствија за тековните кризи, како што е миграцијата.
- Главната улога на привремената Влада, како што знаат сите, е да спроведе фер избори. Но, верувам дека оваа Влада ќе биде повикана да се справи со клучни прашања, како што е миграцијата, изјави Тану, додавајќи дека нејзината Влада ќе стори се за да ги извршува своите обврски на најдобар можен начин.
Во меѓувреме, грчката државна агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои извори, го соопшти составот на привремената Влада.
Министер за надворешни работи ќе биде Петрос Моливијатис, министер за финансии Јоргос Хулиракис, министер за одбрана Јоанис Јангос, министер за внатрешни работи Андонис Манитакис, за административни реформи Михалис Спурдалакис, за цивилна заштита Андонис Макридимитрис, за култура Марина Ламбраки-Плака, за правда Димитрис Папангелопулос, за економија Никос Христодулакис, за образование Фросо Киау, за транспорт Христос Зоис, за труд Димитрис Мустакас, за туризам Алкистис Протопсалти, за здравство Атанасиос Димопулос, за борба против корупцијата Панајотис Николудис, додека портпарол на Владата ќе биде Родолфос Моронис.
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи