Привремен сообраќаен режим утре на булеварот „Босна и Херцеговина“
На булеварот „Босна и Херцеговина“ утре ќе се изведуваат прекопи за поставување подземни инсталации и поради тоа ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
– Поради изведување прекоп кај сервисната улица за влез во објектите на „Едел пром“ и на „Шкода“ во периодот од 5 до 9 часот, сообраќајот на булеварот „Босна и Херцеговина“ ќе се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти Град Скопје.
Поради изведување прекоп на крстосницата на булеварот „Босна и Херцеговина“ со улицата „Александар Урдаревски“ во периодот од 8 д 18 часот, сообраќајот на овој потег ќе се одвива по намален број коловозни ленти.
Градските власти апелираат граѓаните да имаат разбирање додека траат градежните активности и сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица