Привремен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“

Град Скопје информира дека поради изведување градежни активности од денеска целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Ѓорче Петров“, на потегот од кружната крстосница кај СП Планет, до крстосницата со булеварот „Македонска војска“.
Моторниот сообраќај и автобусите на ЈСП „Скопје“ со број 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60, кои се движат од Дексион кон Центар ќе бидат пренасочени од улицата „Ѓорче Петров,“ по булеварот „Македонска војска“, кај кружната крстосница, црквата „Св Петар и Павле“, по булеварот „Партизански одреди“ и ќе продолжуваат по својата траса.
Во обратна насока, од Центар кон Дексион, моторниот сообраќај и автобусите ќе бидат пренасочени по кружната крстосница на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“. Ќе продолжуваат по булеварот „Партизански одреди“ до кружната крстосница кај црквата „Св Петар и Павле“, по булеварот „Македонска војска“ по улицата „Ѓорче Петров“ и ќе продолжуваат по својата траса.
Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
