Привремен сообраќаен режим на дел од бул. „Партизански одреди“

На дел од булеварот „Партизански одреди“ во Скопје денеска ќе биде воведен привремен сообраќаен режим поради изведување градежни работи.
Како што соопшти Град Скопје, поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на булеварот „Партизански одреди“ од мостот „Обединети Нации“ до ул. „Московска“, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од булеварот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улицата „Московска“ (кај ТЦ „Сити мол“), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар. По трасата во спротивниот правец сообраќајот ќе се одвива непречено.
– Времениот режим ќе се реализира доколку тоа го дозволат временските услови за извршување на асфалтирањето, а ќе биде во сила до завршување на градежните активности, се вели во соопштението од Град Скопје.
За време на привремениот режим, автобусите на ЈСП „Скопје“ што сообраќаат по овој дел од булеварот „Партизански одреди“ ќе се пренасочат преку улицата „Адолф Циборовски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а ќе се вратат на нормалната траса преку улицата „Московска“.

Ново на Сител
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
