Привремен режим на сообраќај во стариот дел на Охрид за време на свеченото отворање на „Охридско лето“

Привремен режим на сообраќај во стариот дел на Охрид ќе има попладнево во пресрет на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ на Античкиот театар во Охрид.
Од фестивалската дирекција информираат дека ќе биде забрането движење на возила, така што публиката која вечерва ќе биде присутна на Античкиот театар ќе може да пристигне пеш или со такси возило.
– На приодите кон Античкиот театар ќе има присуство на полициски службеници кои ќе вршат обезбедување и ќе овозможат непречено движење на такси возилата, но и на другите возила со приоритет, се вели во соопштението од организаторите.
Од „Охридско лето“ им се заблагодаруваат на граѓаните за трпението и повикуваат заеднички да се проследи уште едно свечено отворање со светски познатата уметница Ванеса Меј.
Посетителите, како што информираат организаторие, треба да дојдат најдоцна до 20 часот и 30 минути, бидејќи вратите на влезовите ќе бидат затворени пред 21 часот, кога е и почетокот на фестивалското отворање.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
