Приведено лице од Липково за превезување огревно дрво без документација

На 23.10.2023 во 09.45 часот полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки на патниот правец Скопје – Куманово, кај наплатна станица Романовце, го лишиле од слобода Ј.С.(26) од с.Гошинце, општина Липково.
Во товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина буково огревно дрво за кое не поседувал соодветна документација.
Притоа, од извршениот увид во приложените документи биле констатирано дека бројот во сообраќајната дозвола не се совпаѓа со бројот на возилото, поради што постои основано сомнение дека употребил фалсификуван документ.
Лицето е приведено, пронајдените дрва се предадени на Шумска полиција Куманово, а по целосно документирање на случајот против Ј.Ц. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
