-->
-->
Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта
-->
На 05.05.2025 во 17.35 часот на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода С.М.(51) од дебарското село Могорче.
При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаким кое го управувал и од преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис