Приведени турски новинари поради наводна шпионажа

Турската полиција денеска приведе двајца новинари заради испрашување како дел од истрагата за наводна политичка и воена шпионажа, јави државната новинска агенција Анадолија.
Полицијата за борба против тероризмот ги приведе и сослуша Исмаил Дукел од ТВ каналот ТЕЛЕ1 и Мујесер Јилдиз од веб-порталот ОдаТВ.
На порталот ОдаТВ се посочува дека новинарката Јилдиз, која известувала за воени прашања, била уапсена откако полицијата извршила рација во нејзиниот стан, извршила претрес и запленила одредени материјали.
Минатиот месец, властите обвинија седум новинари, меѓу кои и двајца уредници на „ОдаТВ“, за кршење на законот за работа на разузнавачки агенции, конкретно за известувањето за смрт на разузнавач, наводно убиен во Либија. На новинарите ќе им се суди овој месец.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
