Приведени тројца разбојници од гостиварско

СВР Тетово - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го расчисти разбојништвото кое на 25.10.2019 околу 20 часот било извршено над 48-годишниот Г.С. од Република Србија и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави за М.Х.(33) и Љ.Х.(27), двајцата од гостиварското село Дебреше и Ш.Ј.(42) од гостиварски Равен.
Тројцата пријавени се сомничат дека во близина на наплатната станица Гостивар, најпрво побарале да влезат во товарно моторно возило „сканија“, со српски регистарски ознаки, што го управувало Г.С, а потоа и физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле паричник со 9000 динари, 50 евра, возачка дозвола и банкарска картичка.
Нешто подоцна, пријавените се лишени од слобода и изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој им определил мерка притвор од 30 дена, по што биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје - Скопје.
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
