Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и од ОВР Гостивар ноќеска во Тетово и Гостивар, ги лишиле од слобода Ш.Б. (38) од Тетово, Б.Д. (23) од Гостивар и М.И. (25) од Гостивар, кои под дејство на алкохол управувале со моторни возила.
При сообраќајна контрола на улица „Благоја Тоска“ во Тетово во 02.56 часот и по преземени мерки и активности, полициски службеници констатирале дека Ш.Б. управува патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,03 промили алкохол во крвта.
Во 01.27 часот, пак, на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници констатирале дека Б.Д.(23) од Гостивар управува патничко моторно возило „рено“ со гостиварски регистарски со 1.70 промили алкохол во крвта.
Додека во 02.10 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар констатирале дека М.И.(25) од Гостивар управува патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со 2.17 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, информираат од МВР, против тројцата ќе бидат поднесени пријави по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати