Македонија
5. March 2022 - 11:27

Приведени повеќе дилери на дрога во Скопје

Рано утринава полициски службеници во неколку одделни полициски акции уапсија дилери на дрога во главниот град.

- На 05.03.2022 во 02.15 часот во угостителски објект на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Т.В.(19) од с. Пирава, валандовско затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

- На 05.03.2022 во 03.40 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Б.Т.(24) од Скопје затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

- На 05.03.2022 во 00.15 часот на подрачје на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода С.Б.(20) од Скопје затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштува МВР.