Приведени две лица за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, прeнeсува „Макфакс“. Извори од Кривичен суд, додаваат дека осомничените се изведени пред судија, кој ќе треба да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот.
Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство. Лицето беше пријавено за исчезнато, а потоа започнаа и шпекулации дека е киднапиран. Гласините и информациите допреа до Обвинителството, со што се потврдува дека грабнување имало.
Изминатите денови се појавија и информации дека Костадиновски е грабнат од криминална група од Албанија и Турција – но ова остана непотврдено од институциите. Шпекулациите беа дека се работи за нерасчистени односи кои тој ги имал со тие лица.
Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Потоа, беа земени снимки од безбедносни камери, информации од очевидци, а беа сослушани и лица од кои беше можно да се добијат повеќе информации.
26-годишното момче, Самоил Костадинов е внук од брат на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски. Таа за неколку медиуми веќе има изјавено дека е потресена од целото случување. Ниту таа, ниту семејството, немаат детали информации што се случило со скопјанецот, освен раскажувањата од негови пријатели.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
