Приведени двајца тетовци, продавале пиротехнички средства
Двајца тетовци се приведени денеска откако полицајци кај нив нашле околу 300 парчиња пиротехнички средства. Приведените се откриени околу 14.30 часот.
-Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Ш.(46) и Б.А.(20), двајцата од Тетово, затоа што биле затекнати како продаваат пиротехнички средства. Кај нив биле пронајдени и одземени околу 300 парчиња разновиден пиротехнички материјал. Двајцата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 8 од Законот за заштита од експлозивни материи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Вчера тетовската полиција приведе 27-годишен жилтел на тетовско Селце, кај кого беа најдени над девет илјади парчиња пиротехнички средства и петарди.
Согласно члeн 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Дистрибуирање на пазарот во поголеми количини на пиротехника е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор три до пет години.
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
