Приведени четворица скопјани фатени со дрога

Кумановец и четворица скопјани биле приведени откако кај нив била пронајдена дрога, информира МВР.
Вчераво 13 часот на ул.Кеј 13-ти Ноември, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ш.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Петнаесет минути подоцна на ул.Кеј 13-ти Ноември, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода и Д.Р.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Утринава во 01:15 часот на ул.Димо Хаџи Димов, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ќ.А.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Т.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.08.2019 на ул.„ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на патничко моторно возило „бмв“, кое било управувано од М.Т., при што пронашле и одзеле марихуана и мешавина од тутун и марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Р.(28) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.07.2019 во с.Отља, општина Липково, полициски службеници при СВР Куманово извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска Давкова со највисоки почести ќе го пречека албанскиот претседател Бегај
-

НАРБМ ќе го одбележи Денот на ретки болести
-

Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
-

Пакистански воздушни напади врз Кабул и други авганистански провинции
-

Сончево со мала локална облачност
-

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби, многу луѓе се загрижени во овој момент
-

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци
-

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
