Приведени четири лица во скопски Центар, кај нив пронајдена дрога
Во периодот 02/03.06.2022 на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири лица, бидејќи кај нив била пронајдена дрога.
На 02.06.2022 во 19.15 часот бил лишен од слобода Г.Л.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 03.06.2022 во 00.10 часот бил лишен од слобода С.Ѓ.(28) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а во 00.15 часот лишен од слобода бил С.П.(20) од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана. Малку подоцна, во 01.20 часот на истото подрачје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Г.П.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела тврда материја.
Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
-
Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоoсомничениот Палевски во притвор